Транскрипција на аудио/видео содржина на македонски јазик

Имате потреба од транскрипт на аудио/видео содржина на македонски јазик? TranscribeMK Ви нуди најквалитетна транскрипција на Вашите аудио/видео материјали. Без скриени трошоци, фиксна цена од 0,5€ од минута. Со доверба од задоволни клиенти од 2010 година.

ТРАНСКРИПЦИЈА

Транскрипција на аудио/видео материјали!
0,5€ од мин.

ПРЕВОД

Превод на Вашите транскрипти на англиски јазик!
2,5€ од мин.

TranscribeMK е најлесниот начин за да добиете текстуален формат од Вашите аудио/видео материјали, брзо, доверливо и едноставно. Процесот е едноставен, само прикачете го Вашето видео на наша локација или испратете ни URL од Ваша локација. Транскриптите ќе бидат подготвени пред крајниот рок, со минимална точност од 99%.

Во моментов работиме на транскрипција само од македонски јазик. Со богато искуство, започнувајќи од 2010 година имаме транскрибирано повеќе од 100.000 минути аудио/видео материјали до денес.

Ги прифаќаме аудио и видео снимките во сите формати и прифаќаме линкови до стриминг видео и аудио датотеки достапни на интернет. Во моментов не прифаќаме физички медиуми. Записниците се достапни во Microsoft Word, .txt или PDF формат.

Преведете ги Вашите транскрипти на англиски јазик, брзо и прецизно. Ние во TranscribeMK преведуваме од македонски на англиски јазик на транскрибираните материјали, со висок квалитет и цени достапни за секого.

Нашите услуги вклучуваат:

– Monolingual transcription (македонски аудио -> македонски текст)

– Interpretive transcription (македонски аудио -> англиски текст)

Едноставен Процес на Аудио/Видео Транскрипцијата

0,5€

МИНУТА

12 часа

ВРЕМЕ НА ИСПОРАКА

99%

ЗАГАРАНТИРАНА ТОЧНОСТ

Брзо, Квалитетно, На ваше барање

Брза испорака

Ви гарантираме навремена и квалитетна услуга според Вашите потреби. Вообичаено, аудио снимки помали од 20 минути, со добар квалитет на звукот, обично се испорачуваат во рок од 12 часа, често многу побрзо. Нашите експерти за транскрипција се достапни 24/7 за прецизно да го конвертираат Вашето аудио во текст.

Транспарентни цени, без скриени трошоци

Pay As You Go цена на услугата, плаќаш колку користиш. Ниски цени за висок квалитет, а сами можете да ги пресметате трошоците пред да платите. Не треба да се грижите за скриени трошоци. Ние наплаќаме еднаква цена за транскрипција на сите видови снимки. Ние наплаќаме од минута, а не за времето поминато работејќи на снимките.

Врвен квалитет

Нашите професионалци ќе ви обезбедат транскрипти и преводи со највисок можен квалитет. Ние користиме само професионални кадри за да го зголемиме квалитетот. Не користиме автоматски софтвер за транскрипција.

Најдобра поддршка за клиентите

TranscribeMK има строга политика за доверливост кон клиентите. Вашите материјали се приватни и заштитени од неовластен пристап. Сите наши професионалци имаат потпишано NDA и строги договори за доверливост. Би биле среќни да го потпишеме Вашиот NDA договор, или ние можеме да креираме за Вас. Нашиот тим на професионалци е достапен 24/7. Можете да контактирате со нас во секое време.

НАШАТА ПРИКАЗНА

Од 2010 година ние обезбедуваме транскрипција на аудио/видео содржини на македонски јазик. Обезбедуваме услуги за клиенти низ целиот свет. За да го трансформирате Вашето аудио во текстуална форма, ние Ви нудиме целосно онлајн искуство. Транскрипција е со највисок квалитет на македонски или англиски јазик.

Во нашиот работен век од скоро една деценија, ние го проширивме нашиот опсег на клиенти вклучувајќи приватни компании, владини институции, непрофитните организации, физички лица и станавме доверлив партнер на голем број клиенти во Македонија и целиот свет.

КОНТАКТ:

(389) 047 52-29-29
contact@sette.com.mk
Tsar Samoil 26, Bitola, Macedonia
© 2019 TranscribeMk - All Rights Reserved.